Поддршка за оралната антикоагулација кај атријална фибрилација по валвуларни операции

https://www.medscape.com/viewarticle/920376

Тромбоемболичен ризик кај два различни типа на атријална фибрилација (AF) и потенцијалот за редуцирање на истиот со орална антикоагулантна терапија (OAC), е многу поблизок отколку што се признава во клиничка тапракса.

Ризикот за тромбоемболичен настан е просечно еден од пет во тек на 4 години кај пациенти со новопојавена AF по изолирана операција на аортната или митралната валвула во споредба со пациенти со невалвуларна АF, (неповрзана со хируршко лекување), покажува студија спроведена воДанска.

Oралната антикоагулација (ОAC), било со варфарин или со еден од поновите директни орални антикоагуланси (DOAC), била поврзана со намален тромбоемболичен ризик кај обете групи со АF, за 55% кај пациенти со постоперативна AF (POAF) и 37% кај оние со невалвуларна AF (NVAF) .

„После прилагодувањето за коморбидитет, истовремена фармакотерапија и третман со OAC по испуштање од болница, откривме дека ново-појавената POAF по операцијата на срцевите залистоци на левото срце е поврзана со сличен ризик од тромбоемболизам во споредба со NVAF“, пишуваат авторите, предводени од Д-р Jавад Хајдер Бат ,  (Универзитетска болница од Копенхаген).

Покрајтоа, „откривме дека OAC-терапија е поврзана со релативно помал тромбоемболичен ризик и кај пациенти со POAF и кај пациенти со NVAF, што сугерира слична ефективност на OAC за превенција од мозочен удар“, велат тие во нивниот извештај, објавен на 9 октомври во JAMA Cardiology.

Може да биде примамливо да се заклучи дека OAC треба да биде индициран кај пациенти кои развиваат POAF, слично на неговата употреба во NVAF. Но, како што истакнуваат авторите, таквата препорака би барала поддршка од рандомизирани испитувања.

Дури и по внесувањето на DOACs, во широка употреба, „оптималниот пристап за третман за спречување на мозочен удар кај пациенти со POAF останува непознат“, пишува Д-р Џонатан П. Пикчини, во придружниот коментар. (https://jamanetwork.com/journals/jamacardiology/article-abstract/2752542)

Упатствата оставаат простор за лекарска проценка при разгледување на можноста на користење на OAC во POAF, така што „во акутниот постоперативен период, треба да се балансираат придобивките од превенција од мозочен удар наспроти ризицикот од постоперативно крварење“, вели Пичини, (Duke University, Durham, North Carolina).

Актуаелните анализи, пишува тој, „ги унапредуваат сознанијата потврдувајќи ја врската помеѓу POAF и долгорочните ризици од рекурентни епизоди на AF и мозочен удар. Покрај тоа, овие набљудувања ја поддржуваат хипотезата дека долгорочната OAC-терапија може да ја намали инциденцата на мозочен удар и да го подобри опстанокот кај пациенти со POAF “.

Имено, наодите се делумно во спротивност со слична анализа (https://www.medscape.com/viewarticle/894907) од 2018 година, од страна на истите автори, во кои долгорочниот тромбоемболичен ризик од новопојавена AF по изолирана операција со коронарен бајпас (CABG) беше значително помал од оној од невалвуларните AF.

Актуелната анализа се заснова на 741 возрасни пациенти со новопојавена AF за време на хоспитализација за изолирана операција на валвула на левото срце, од кои 675 се споредливи со 2025 пациенти со примарен NVAF кои немале претходна кардиохируршка интервенција.

Податоците го опфаќаат периодот од 2000 до 2015 година. Споредливоста на групите пациенти е врз основа на сличноста по возраст, пол, година на дијагностицирање и дали тие имале историја на тромбоемболизам, срцева слабост (https://emedicine.medscape.com/article/163062-overview), хипертензија (https://emedicine.medscape.com/article/241381-overview), дијабет или исхемично срцево заболување (https://emedicine.medscape.com/article/349040-overview).

OAC, првенствено варфарин, бил започнат во првиот месец по испишувањето од болница кај 63% одп ациентите со POAF и кај 51% од ониесо NVAF во текотна 16-те години во кои се прибрани податоците.

Тромбоемболични настани, дефинирани како исхемичен мозочен удар (https://emedicine.medscape.com/article/1916852-overview), транзиторна церебрална исхемија или тромбоза на периферна артерија или емболија, се појавиле со стапка од 21,9 на 1000 лица-години во групата со POAF и 17,7 на 1000 лица-години во групата со NVAF. Пресметаната стапка на ризик (HR) не била значајно зголемена, на 1,22 (95% CI, 0,88 – 1,68).

HR за тромбоемболични настани кај групата со за разлика од групата без OAC била 0,45 (95% CI, 0,22 – 0,90) кај групата со POAF и 0,63 (95% CI, 0,45 – 0,87) кај пациентите со NVAF.

Ризикот за рекурентни AF е значително намален во групата POAF, вос поредба со групата NVAF (HR, 0,62; 95% CI, 0,56 – 0,70). Забележано е дека имало особено значителен ефект кај пациентите кои биле на операција на аортна валвула; немало таков ефект кај оние со процедури на митралната валвула.

„Време е за рандомизирана клиничка студија на OAC лекови кај пациенти соPOAF. За среќа, такви студии веќе се во тек“, пишува Пичини, издвојувајќи ја Антикоагулацијата за новопојавена пост-оперативна атријална фибрилација по CABG: PACES (https://www.medscape.com/viewarticle/894907).

PACES, студија која во моментот се одвива во Германија и Северна Америка, ја споредува единечна антиплтелетна терапија со и без ОАC, врз основа на следење на околу 3200 возрасни пациенти со АF по изолиранa бајпас операција (CABG).

Примарниот краен исход е комбинацијата на смртен исход, мозочен удар, транзиторна исхемична атака (https://emedicine.medscape.com/article/1910519-overview), миокарден инфаркт (https://emedicine.medscape.com/article/155919-overview), системски артериски тромбоемболизам и венски тромбоемболизам во тек на 6 месеци.

ЈАМА кардиологија. ОбјавенонаИнтернет 9 октомври 2019 година.

СтивСтајлснаТвитер: @ SteveStiles2.

Преземено од Medscape

Aбстракт:

https://jamanetwork.com/journals/jamacardiology/article-abstract/2752543

Коментари:

https://jamanetwork.com/journals/jamacardiology/article-abstract/2752542

admin

Напишете коментар