Најнови ставови на ESC советот за хипертензија во однос на АКЕ инхибитори и Ангиотензин рецептор блокатори

13 март 2020

           Базирано на првичните извештаи од Кина и последователните докази дека артериската хипертензија може да биде асоцирана со зголемен ризик за морталитет кај хоспитализираните пациенти со COVID-19 инфекција, поставени се хипотези кои сугериррат потенцијално негативно влијание на ангиотензин конвертирачкиот ензим инхибиторите (АКЕ инхибитори) или ангиотензин рецептор блокатори (АРБ). Сугерирано е особено во социјалните медиуми, дека овие често користени лекови можат да го зголемат ризикот од инфекција и тежината на SARS-CoV2.  Загрижувањата произлегоа од обсервацијата дека, слично на корона вирусот кој предизвика SARS, COVID-19  вирусот се врзува за специфичен ензим наречен АСЕ2 на инфицираните клетки, со што се зголемуваат нивоата на АСЕ2 по третманот со АКЕ инхибитори и АБР.

Во врска со аплификацијата од социјалните мрежи, пациентите кои ги земаат овие лекови за третман на хипертензија и нивните лекари станаа загрижени и во некои случаи, го стопираа третманот со АКЕ инхибитори и АРБ.

Оваа шпекулација за безбедноста на АКЕ инхибиторите и АБР во однос на COVID-19   нема научна основа и докази за поддршка на истата. Постојат докази од анимални студии кои сугерираат дека овие лекови можат да бидат протективни во однос на сериозни белодробни компликации кај пациенти со COVID-19  инфекција, но до денес не постојат податоци за луѓето.

Работната група за хипертнзија при Европското здружение на кардиолози сака да го потенцира немањето на никакви докази кои го поткрепуваат штетниот ефект на АКЕ инхибиторите и АБР во контекст на пандемијата со COVID-19.

Работната група за хипертензија цврсто препорачува лекарите и пациентите да го продолжат лекувањето со нивната вообичаена терапија за хипертензија, бидејќи не постои клинички и научен доказ кој сугерира дека третманот со АКЕ инхибитори или ангиотензин рецептор блокатори треба да се прекине поради инфекција со COVID-19.

Проф. Giovanni de Simone,

Претцедател, ESC совет за хипертензија

Во име на членовите на нуклеусот

Извор на податоци

https://www.escardio.org/Councils/Council-on-Hypertension-(CHT)/News/position-statement-of-the-esc-council-on-hypertension-on-ace-inhibitors-and-ang
Categories:

admin

Напишете коментар