Светски ден на срцето

Мото на овогодишниот светски ден на срцето

“МОЕТО СРЦЕ, ТВОЕТО СРЦЕ”

Повик за акција

Кампањата на Светската федерација за срце, по повод Светскиот ден на срцето 29-ти септември оваа година, ќе се фокусира кон заедничка цел – да се инспирира популацијата секој да си даде ветување на себе да го задржи своeто срце здраво: ветување кон кое луѓето можат да се придржуваат, ветувањe кон кое ќе пристапат индивидуално, ветување кое е насочено кон заедничка цел – здравјето на срцето е за секого, бидејќи ” секое отчукување на срцето е важно “.

Според кампањата секој треба да си го постави прашањето: Што можам да направам во овој момент за МОЕТО СРЦЕ … и ТВОЕТО СРЦЕ?

– прекини со пушењето!
– користи скали!
– вежбај!
– оди со велосипед на работа!

 

Комплетниот повик можете да го преземете ТУКА.

Симпозиум за АЦС

     Во организација на Македонското здружение по кардиологија на 04 и 05 септември 2018 година, се одржа Симпозиум на тема НОВИНИ ВО АКУТНИОТ КОРОНАРЕН СИНДРОМ. Симпозиумот беше подржан од страна на Европското Кардиолошко Здружение, под покровителство на Европската асоцијација за кардиоваскуларен имиџинг, Европската асоцијација за акутна срцева грижа и Работната група за коронарна патофизиологија и микроциркулација. Ова е прв од овој вид настан посветен на акутниот коронарен синдром а во соработка со водечките доктори од европските здруженија и работни групи. Овој настан на Македонското здружение по кардиологија обедини на едно место еминентни странски и домашни професори, експерти во областа на акутниот коронарен синдром и акутна срцева грижа како и кардиовасуларните техники на визуализација.

Комплетниот извештај од Симпозиумот можете да го преземете ТУКА.