Избор на Претседател на МЗК
  Предлог програми
  ДОКУМЕНТИ

 

 


ДОКУМЕНТИ

 СТАТУТ НА МАКЕДОНСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ ПО КАРДИОЛОГИЈА

 

Почитувани следствено на вашето барање, во прилог е жиро сметката на Македонско здружение по кардиологија

Жиро сметка: 300000000554779,

Комерцијална банка АД Скопје, 1000, Скопје

Назнака: годишна членарина

Сума: 1500,00 денари

 

 

8.10.2017 година

Драги колеги во прилог е записникот од годишниот состанок на Македонското здружение по кардиологија одржано на 27.09.2017 година.

Записник од годишниот состанок одржан на 27.09.2017

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Датум:15.10.2017

Почитувани колеги, членови на здружение на кардиолози на Македонија.

Ве известуваме дека на веб страната на здружението (www.mscardiology.org.mk), е достапен списокот на членовите на здружението со информација дали е регулирана членарината за 2015 и 2016 година. 

Со зелена боја се претставени оние кои ја регулирале членарината за овие години, а со црвена оние кои тоа не го направиле. 

За да бидете во можност да гласате за нов претседател на Македонското здружение на кардиолози, неопходно е да биде регулирана чланарината најмалку за овие 2 години. Жиро сметка за здружението е претходно поставена на веб страната на здружението.

Дополнитени информации може да добиете кај благајникот на ова здружение Доц. др. Јорго Косто на e-mail: jorgokostov@gmail.com, или мобилен телефон: 070 387150.

Се надеваме дека во наредните 2 недели ќе ги регулирате обврските околу чланарината.

Со почит,

Комисија за избор на ново раководство на ЗКМ

Список на членови на МЗК 

 

3.12.2017 ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани колеги членови на Здружението на кардиолози на Македонија

Гласањето за избор на новиот председател на здружението ќе се изврши на ден 13.12.2017 (среда) во 12 часот во амфитеатарот на Клиниката  за кардиологија во Скопје.

Со претходна одлука на Собранието на здружението право на глас имаат сите оние кои ја регулирале членарината заклучно со 2016 год.

Списокот на сите членови, како и на оние кои имаат право на глас (обележени со зелена боја) ви го испраќаме како атачмент.

Имајќи во предвид дека здружението има 258 члена, а добар дел од нив се млади, се препорачува за гласањето да имате и документ за идентификација (лична карта, пасош или возачка дозвола)

Со почит

 

Комисија за избор на председател на ЗКМ

 

6.12.2017 ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани колеги,

По укажувањето на дел од нашоте колеги дека предложениот термин за избор на нов претседател на Македонското здружение на кардиолози (13.12.2017 год. Во 12 часот) не им одговара, комисијата за избор на нов претседател, со цел да има што поголем одзив при гласањето, одреди нов термин, а тоа е 17.12.2017 год. (недела) во 12 часот во Амфитеатарот на Клиниката за кардиологија во Скопје.

Се надеваме дека овој нов термин ќе им одговара на поголемиот број на нашите членови.

Со почит,

Комисија за избор на Претеседател на МЗК


 

МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ПО КАРДИОЛОГИЈА
contact@mscardiology.org.mk
ул. Водњанска бр. 17, 1000 Скопје, Р.Македонија
++389 2 3147189; ++389 2 3113116
admin mail