СТАТУТ на Македнското здружение по кардиологија на Република Северна Македонија од 2021 год.
ЧЛЕН 1
НАЗИВ
- ИМЕ.
Името на ова здружение е Македонско здружение по кардиологија на Република Северна Македонија ( или Национално здружение по кардиологија на Република Северна Македонија). Краткото име на здружението е МЗК.
1- 2. ИМЕ НА АНГЛИСКИ.
Името на здружението од секција 1. на овој член на англиски јазик е: Macedonian Society of Cardiology of North Macedonia
1-3. Меѓународна употреба.
За меѓународна употреба ова здружение ќе го користи името на англиски јазик.
Кликнете ТУКА за да го превземете целиот статут од 2021 год.
Статут на македонското здружение по кардиологија од 2012 год.
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Македонското здружение по кардиологија е самостојна стручна, научна и едукативна организација од областа на кардиологијата, ангиологијата, кардиоваскуларната хирургија, епидемиологијата, атеросклерозата, артериската хипертензија и кардиоваскуларната терапија.
Член 2
Здружението носи назив “МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ПО КАРДИОЛОГИЈА”, Скопје со кратенка во понатамошниот текст МЗК, Скопје.
Член 3
Седиштето на МЗК е лоцирано на ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиологија во Скопје, со адреса: ул Водњанска, бр 17, 1000 Скопје, Македонија, тел. 3113-116, факс 3164-134.
Кликнете ТУКА за да го превземете целиот статут