Одбележување на Светскиот ден на срцето 29-ти септември

Македонското здружение по кардиологија и Клиниката за кардиологија го одбележаа Светскиот дена на срцето 29-ти септември со настан кој обедини експерти од областа на кардиологијата, здравствени работници од разни профили, истражувачи и пациенти со презентирање на лични искуства, кои имаа за цел да го промовираат кардиоваскуларното здравје и да го потсетат населението за важноста на превенцијата. Настанот се одржа на 30 септември 2024 година во амфитеатарот на Клиниката за кардиологија. Оваа година акцент беше ставен на ангажманот на заедницата и колаборативните напори во справувањето со срцевите заболувања глобално.

На темата дебатираа познати и еминентни кардиолози како и јавно-здравствени активисти кои зборуваа за последните значајни истражувања во областта на кардиолгијата, стратегиите за превенција и влијанието на промените во начин на живот врз здравјето на срцето.

Настанот го отвори директорот на Клиниката за кардиологија Прим д-р Беким Поцеста, а завршно излагање имаше претседателот на Македонското здружение по кардиологија, Проф. д-р Јорго Костов, кој одговараше и на прашањата на присутните новинари. Во дискусијата се вклучија и учесниците  кои ги  споделија своите видувања  за ефективните образовни програми и иновативните здравствени иницијативи насочени кон намалување на стапката на срцеви заболувања.

Целта на настанот беше да се потенцира важноста на раната детекција на кардиоваскуларните заболувања, но истовремено и да се подигне јавната свест за важноста на имплементацијата на здравите животни навики со цел превенирање на појава на кардиоваскуларните заболувања кои остануваат водечка причина за морбидитет и морталитет во светот.

Athens Medical Group Cardiovascular Imaging Congress

Почитувани колеги, 
 
Во организација на Athens Medical Group, во Атина од 12-13 април 2024 година ќе се оддржи Athens Medical Group Cardiovascular Imaging Congress. Македонското здружение по кардиологија на барање на организаторот е поддржувач на овој конгрес, со што сите членови на нашето здружение имаат 50% редукција на регистрациајта за овој настан.
Конгресот ги вклучува неинвазивните кардиоваскуларни техники за визуализација (ехокардиографија, магнетна резонанца, компјутеризирана томографија) и нивната современа апликација во дијагноза и третман на срцевите заболувања. Предавачи на конгресот се еминенти експерти во оваа област од Европа и САД, членови на Европското и Американското здружение по кардиоловија.

Организатори на конгресот се Dr. Stefanos Karagiannis, Dr. Konstantinos Papadopoulos, Prof. Luigi Badano and Dr. Mani Vannan.

Информации за овој настан и комплетната програма може да ја најдете на следниов линк

medevents.gr/congress/acvi24

Проф. д-р Маријан Бошевски, FЕSC
Претседател на МЗК

Состанок на раководството на МЗК со Министерот за здравство (17.7.2023)

На ден 17.7.2023 во просториите на Министерството за здравство, Претседателот на Македонското здружение по кардиологија Проф. д-р Маријан Бошевски, во придружба со секретарот д-р. Беким Поцеста, оствари средба со Министерот за здравство д-р. Фатмир Меџити.

Заради преголемата оптовареност со кардиоваскуларните заболувања, кои сеуште се број еден по честота и смртност во земјата и глобално, во име на МЗК беше побарано од властите поголемо активирање и ревидирање на позитивната листа, пред се од страна на генеричките и иновативните лекови за антикоагулација, антиагрегација, но и осовремување на палетата за срцевата слабост и артериската хипертензија. 

Македонското здружение по кардиологија како водечко професионално здружение се залага и ќе даде подршка во мултидисциплинарниот пристап на цикулаторните заболувања во земјата, како и во понатамошните залагања за осовремување на третманот на кардиоваскуларните пациенти.  

29ти септември е светскиот ден на срцето

29ти септември е светскиот ден на срцето. Оваа година мотото на глобалната кампања се фокусира на поголемата поврзаност на пациентите со своето срце и со срцата на сите нас. Мотото на овогодинешниот ден на срцето е ПОВРЗИ СЕ.

Пораката за Светската Срцева Федерација за поврзаност е уште побитна оваа година. Во COVID-19 пандемија каде сме изолирани, со потешка достапност кон медицинските услуги, психолошки оптоварени, поврзаноста е најважна. Ова е прилика сите да се поврземе со своите срца, да се погрижиме да ги храниме и негуваме најдобро што можеме.  Кардиоваскуларната превенција e уште поважна од било кога. 80% од кардиоваскуларните болести може да се превенираат само со промени на животниот стил, здрава исхрана, прекин на пушење, редовна физичка активност. Контролирајте ги добро сите ризик фактори – дијабетот, хипертензијата, дислипидемијата, гојазноста.

Да ги повземе сите срца и да поттикнеме зголемена информираности и намалена изолираност на пациентите во тек на оваа пандемија. Дигиталното поврзување ќе ја олесни поврзаности, информираноста и намали осаменоста на болните од кардиоваскуларни заболувања.

Кардиоваскуларните заболувања и овие ризик фактори ја зголемуваат смртноста од COVID-19.

Пациените се замолуваат да направат прави промени уште денес, за нив, за нивните најблиски, за сите нас. Да ги поврзат своите срца.

29ти Септември Светски ден на срцето

Почитувани колеги,

На 29ти септември го одбележуваме Светскиот ден на срцето. Оваа година во многу поинаква реалност во COVID-19  пандемија, грижата на кардиоваскуларното здравје  има уште поголемо значење.

Овогодишната кампања на Светската федерација за срце го замолува светот:

Кардиоваскуларните заболувања се водечка причина за смртност на нашата планета. Пушењето, дијабетот, хипертензијата, обезноста, загадувањето на воздухот се водечките причини за зголемен кардиоваскуларен морталитет.

Во време на COVID-19  пандемија, пациентите со кардиоваскуларни заболувања се соочуваат со двојна закана. Тие се изложени не само на поголем ризик за појава на сериозни форми на заболувањето и компликации, но воедно и се исплашени да побараат навремена здравствена помош за нивните срца.

Вашето срце треба да ја користи….

Вашата глава

За да разберете што е потребно за да живеете здрав живот и соодветно да дејствувате во тој правец, да ги менувате вашите навики за подобар квалитет на вашиот живот сега и во иднина

Вашето влијание

Како индивидуа која ќе биде пример за вашите најблиски и најсакани

Како здравствен професионалец за да им помогнете на вашите пациенти да направат позитивни промени за нивното здравје

Како работодавец да инвестирате во здравјето на срцето за вашите вработени

Како влада да имплементирате политики и иницијативи кои ќе доведат до подобро кардиоваскулатно здравје за целото општество

Вашата емпатија и сочуство

Да гледате над себе и дејствувате во наоски кои даваат подршка на најосетливите социјални слоеви: оние со срцеви болести кои имаат зголемен ризик за време на COVID-19 пандемијата

Посетете ја интернет страната worldheartday.org да дознаете повеќе.

Студии презентирани на конгресот на Американската срцева асоцијација 2019 година

Во текот на три дена од 16 до 18 ноември 2019 година во Филаделфија се одржа конгресот на Американската срцева асоцијација на кој се презентирани резултати од над 26 студии кои значајно го менуваат пристапот кон лекувањето на кардиоваскуларните болести. Клучните резултати од студиите со најзначајни сознанија се презентирани во следниот текст.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ

Поддршка за оралната антикоагулација кај атријална фибрилација по валвуларни операции

https://www.medscape.com/viewarticle/920376

Тромбоемболичен ризик кај два различни типа на атријална фибрилација (AF) и потенцијалот за редуцирање на истиот со орална антикоагулантна терапија (OAC), е многу поблизок отколку што се признава во клиничка тапракса.

Ризикот за тромбоемболичен настан е просечно еден од пет во тек на 4 години кај пациенти со новопојавена AF по изолирана операција на аортната или митралната валвула во споредба со пациенти со невалвуларна АF, (неповрзана со хируршко лекување), покажува студија спроведена воДанска.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ

Светски ден на срцето

Мото на овогодишниот светски ден на срцето

“МОЕТО СРЦЕ, ТВОЕТО СРЦЕ”

Повик за акција

Кампањата на Светската федерација за срце, по повод Светскиот ден на срцето 29-ти септември оваа година, ќе се фокусира кон заедничка цел – да се инспирира популацијата секој да си даде ветување на себе да го задржи своeто срце здраво: ветување кон кое луѓето можат да се придржуваат, ветувањe кон кое ќе пристапат индивидуално, ветување кое е насочено кон заедничка цел – здравјето на срцето е за секого, бидејќи ” секое отчукување на срцето е важно “.

Според кампањата секој треба да си го постави прашањето: Што можам да направам во овој момент за МОЕТО СРЦЕ … и ТВОЕТО СРЦЕ?

– прекини со пушењето!
– користи скали!
– вежбај!
– оди со велосипед на работа!

 

Комплетниот повик можете да го преземете ТУКА.

Симпозиум за АЦС

     Во организација на Македонското здружение по кардиологија на 04 и 05 септември 2018 година, се одржа Симпозиум на тема НОВИНИ ВО АКУТНИОТ КОРОНАРЕН СИНДРОМ. Симпозиумот беше подржан од страна на Европското Кардиолошко Здружение, под покровителство на Европската асоцијација за кардиоваскуларен имиџинг, Европската асоцијација за акутна срцева грижа и Работната група за коронарна патофизиологија и микроциркулација. Ова е прв од овој вид настан посветен на акутниот коронарен синдром а во соработка со водечките доктори од европските здруженија и работни групи. Овој настан на Македонското здружение по кардиологија обедини на едно место еминентни странски и домашни професори, експерти во областа на акутниот коронарен синдром и акутна срцева грижа како и кардиовасуларните техники на визуализација.

Комплетниот извештај од Симпозиумот можете да го преземете ТУКА.