Симпозиум “Кардиоваскуларни сликовни техники и искуствата со КОВИД 19

Почитувани колеги,

Во време на пандемија COVID 19, борејќи се со невидливиот непријател, се надеваме дека сте сите здрави и безбедни. Пандемијата е голем предизвик за сите нас, од различни аспекти. Но, дури и во овој период, едукацијата и размената на знаење е важен дел од нашите животи.

Во име на организацискиот комитет на Здружението на кардиолози на Северна Македонија, задоволство ни е да Ве поканиме да учествувате на нашиот виртуелен Симпозиум “Кардиоваскуларни сликовни техники и искуствата со КОВИД 19”, што ќе се одржи на 3-4 Октомври, 2020 година.

Виртуелниот симпозиум е посветен на младите кардиолози, спецјализанти во тренинг, подржан е од млади и ценети кардиолози од Европа од групата на “HIT – Heart Imagers of Tomorrow”, кои ќе го споделат своeто искуство и знаење за различни теми за сликовните методи во кардиоваскуларната патологија и КОВИД искуствата. Секако, дека ќе ни биде задоволство да имаме и наши учесници на Симпозиумот.

Кардиоваскуларните слики се многу важен сегмент за навремена дијагностика, прогноза и одлука за третман и следење на кардиоваскуларни заболувања Исто така, вашето искуство со КОВИД-19 пандемијата, може да биде тема на вашето предавање, или приказ на случај на Симпозиумот.

Ве чекаме со вашата одлука да учествувате на овој Симпозиум,  предизвик за сите нас.

Д-р Елизабета Србиновска Костовска, FESC,FEACVI, FACC

Претседател на Здружението на кардиологија на Северна Македонија