7th Macesonian Congress of Cardiology

Почитувани колеги,

Чест ми е во името на работната група за организација на 7. Македонски кардиолошки конгрес да го најавам истиот. Овој конгрес ќе се одржи од 5.10 до 8.10 во хотел Метропол Охрид, РС Македонија.

Ќе бидат опфатени сите области и теми од кардиологијата и кардиоваскуларната медицина, коронарната и периферната артериска болест, срцевата слабост, болестите на срцевите залистоци, артериската хипертензија, венските цикулаторни заболувања, срцевите аритмии со сите модалитети на нивна дијагностика вклучително сликовна, но и нивното лекување медикаментозно односно перкутано, како на акутните така и на хроничните облици.

Посебен акцент ќе биде даден на новите водичи од Европското здружение по кардиологија. Освен пленарните сесии, планирани се тематски симпозиуми, како презентации на случаи и постери за кои очекуваме ваше активно учество.

Конгресот е наменет не само за кардиолози, туку интернисти, васкуларни лекари, семејни лекари, но и специјализанти по кардиологија и интерна медицина.
Својот интерес го најавија членовите на бордот од Европското здружение по кардиологија, но и регионалните национални здруженија по кардиологија.

Ви посакувам добредојде на 7. Македонски кардиолошки конгрес.

 

Проф. д-р Маријан Бошевски, FESC
Претседател на МЗК