Почитувани колеги,

Во име на Организациониот комитет на Симпозиумот насловен „Новини во кардиологијата“, со меѓународно учество,организиран од Македонското здружение за кардиологија на Северна Македонија, имам чест и задоволство да Ве поканам да земете учество на Симпозиумот. Истиот ќе се одржи од 1 -3-ти октомври 2021 година, виртуелно.
Симпозиумот е посветен на кардиолози, другите професионалци кои работат во областа на кардиологијата, кои можат да учествуваат во различни теми на кардиоваскуларната медицина. Овој симпозиум е можност за размена на искуства за најновите научни и професионални достигнувања во кардиологијата и за слушање и запознавање на нови колеги од земјата и странство. Размената на искуства на регионално, европско и меѓународно ниво ќе овозможи следење и остварување на мисијата на Европското здружение за кардиологија, која е исто така прифатена од нашето здружение „да го намалиме товарот од кардиоваскуларните болести“.
Една од главните теми на Симпозиумот е кардиоваскуларна дијагностика, како многу важен сегмент за навремено дијагностицирање, прогноза, одлука за третман и следење на кардиоваскуларни болести. Коронарни и структурни заболувања на миокардот третирани со перкутани интервенции, кардиохирургија, срцеви аритмии, срцева слабост, кардиомиопатии, превентивна кардиологија и периферна артериска болест ќе бидат и во фокусот на нашиот национален симпозиум „ Новини во кардиологијата “.
Сесиите посветени на најновите упатства од Европското здружение по кардиологија, исто така ќе го најдат своето место на Симпозиумот.
Симпозиумот е составен од сесии со учество на домашни и меѓународни експерти, сателитски симпозиуми посветени на одредена тема, усни и постер презентации во областа на современата кардиоваскуларна медицина.

Ви поканувам да учествувате во нашиот Симпозиум „ Новини во кардиологијата “.

Проф. Е.Србиновска Костовска, FESC, FAECVI, FACC
Претседател на Македонското здружение по кардиологија на Северна Македонија

 

ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПСТРАКТИ И ПОСТЕР ПРЕЗЕНТАЦИИ

Апстрактите да бидат напишани во фонтот Times New Roman со максимална големина на букви 12, единечен проред во А4 формат.
Не треба да содржат повеќе од 300 зборови, вклучувајќи го и насловот, имиња и презимиња на авторите, институцијата  од која  доаѓаат, содржината на апстрактот и максимум 5 клучни зборови.
Апстрактите треба да бидат што е можно поконцизни и да ги вклучува следните поднаслови:
ВОВЕД, ЦЕЛИ, МАТЕРИЈАЛ, МЕТОДИ, РЕЗУЛТАТИ, ЗАКЛУЧОК и РЕФЕРЕНЦИ. ИСТИТЕ ТРЕБА ДА БИДАТ НАПИШАНИ НА МАКЕДОНСКИ И АНГЛИСКИ ЈАЗИК.

ПРЕДАВАЊАТА И ПОСТЕР ПРЕЗЕНТАЦИИТЕ ќе се изведуваат исклучиво електронски, односно само како снимени видео презентации.
Сите апстракти и презентации да се достават електронски, со пополнување на формулар на подолу на страната.
За сите прифатени АПСТРАКТИ и  ПОСТЕР ПРЕЗЕНТАЦИИ, одлука ја носи Научниот одбор.

НАПОМЕНА *:

  • КРАЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПСТРАКТИТЕ е 10.09.2021 год.
  • Сите прифатени    предавања    ќе    бидат    снимени    како    видео    предавања    во просториите на ПРУФ ПРИНТ.
  • После информацијата за прифатеното предавање, ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЈАВЕТЕ СЕ на телефонскиот број:  070/0239-825 за да  закажете  термин за  снимање.

Тип на презентација (потребно)
Орална презентацијаПостер презентација

Закачи фајл*

Внеси го кодот!

РЕГИСТРАЦИЈА НА УЧЕСНИЦИ

Вид на учесник

До 01.09.2021

До 15.09.2021

Од 16.09.2021
Учесници

3.650 ден

5.100 ден

6.600 ден

Специјализанти

2.190 ден

2.910 ден

3.650 ден

Студенти Бесплатно
Со сертификат 720 ден
Без печатени
материјали

Во цените е вклучено ддв од 18%.

 

ЦЕЛОСНАТА РЕГИСТРАЦИЈА ВКЛУЧУВА:

  • Можност за учество на СИМПОЗИУМОТ
  • Комплет печатени материјали
  • Сертификат со одобрени бодови од ЛКСМ

 

НАПОМЕНА:

  • Акредитиран Сертификат од ЛКСМ со одобрени бодови, ќе добие секој учесник кој бил онлајн присутен на Симпозиумот, и тоа минимум 60% од вкупното време на одржаниот СИМПОЗИУМ (1-3.10.2021).
  • Сертификатот ќе биде доставен по завршување на Симпозиумот.

 

НАПОМЕНА:
Поканетите предавачи се целосно ослободени од плаќање за регистрација. Предавачите со прифатени орални презентации плаќаат 50% од висината на регистрацијата.

 

Уплатите  за  регистрација  на  учесници  се извршуваат  на  следната  жиро сметка:

Глобал Нет Адв
Жиро сметка: 200-0031649772-96, Стопанска банка а.д. Скопје
Цел на плаќање: ” Новини во кардиологијата”

 

За сите информации и детали за регистрација, техничка и логистичка поддршка, ве молиме обратете се до агенциите:

Глобал Нет Адв & Пруф Принт

Инфо телефони: 070/392-638 и 070/221-066

Е-маил:  globalnetadv@globalnetadv.mk и  cvetanoski.slave@yahoo.com

Програма на симпозиумот

Изложбен простор