КОРИСТЕТЕ ГО СРЦЕТО

Светскиот ден на срцето 29 септември 2022 година е прилика за секого да застане и размисли како најдобро да го искористи срцето за човеството, за природата и за себе. Превенцијата на кардиоваскуларните болести е нешто што е важно за секое срце. Важна е секоја минута, секој ден, важен е секој живот.

За да не биде доцна направете нешто повеќе за вас и за општеството во целина

Здравствената крижа низ која поминавме последните две години ја потенцира потребата од изнаоѓање на различни иновативни начини за поврзување со луѓето и нашите пациенти со кардиоваскуларното здравје, особено во региони и заедници со пониски ресурси.

КОРИСТЕТЕ ГО  СРЦЕТО го применува вашето знаење, емпатија и влијание за да бидете сигурни дека вие, вашите блиски и заедницата имате најдобри шанси за здрав живот. Се работи за поврзување со своите срца, за да се осигураме дека здраво ги храниме и негуваме, како и користење на дигиталната моќ за поврзување со секое срце насекаде.

КАРДИОВАСКУЛАРНИТЕ БОЛЕСТИ СЕ НАЈЧЕСТАТА ПРИЧИНА ЗА СМРТНОСТ ВО СВЕТОТ

Најчестите ризик фактори се пушењето, дијабетот, хипертензијата , обезноста, загадениот воздух

За  520 МИЛИОНИ ЛУЌЕ КОИ ЖИВЕАТ СО КАРДИОВАСКУЛАРНИ БОЛЕСТИ COVID-19  пандемијата беше особено тешка. Беа изложени на поголем ризик од тешки облици на болест. Многу пациенти од став од инфекција ги избегнуваа редовните контроли и беа во голема изолација

Оваа година на Светскиот дена на срцето сакаме да го испирачаме следното

КОРИСТЕТЕ ГО  СРЦЕТО  ЗА ЧОВЕШТВОТО

Достапноста на лекувањето и поддршката за кардиоваскуларните болени бележи големи разлики во светот. Преку 75% од смртните случаи од кардиоваскуларни болести се во земјите со низок и среден развој, но пристапот може да биде проблем насекаде. Со вклучување во глобалните настани како што е Светскиот ден на срцето, овластени сме да ја шириме света и помошта во креирање на разлики во животите на човештвото.

 

КОРИСТЕТЕ ГО СРЦЕТО  ЗА ПРИРОДАТА

Загадувањето на воздухот е одговорно за 25% од кардиоваскуларната смртност, одземајки 7 милиони животи секоја година. Користејки точак или почесто пешачење секој од нас може да допринесе за почист воздух и поздрава планета.

 

 

 

 

КОРИСТЕТЕ ГО СРЦЕТО ЗА СЕБЕ

Психолошкиот стрес може да го зголеми двојно ризикот од срцев удар. Вежбањето, физичката активност, разговорот и доволно квалитетен сон помагаат во намалување на стресот. Со намалување на штетните навики кои предизвикуваат стрес, можеме да го максимизираме здравјето на нашето срце.

 

 

 

 

КОРИСТЕТЕ ГО СРЦЕТО  ЗА ПОДОБРА ИСХРАНА

  • Намалете го внесот на засладени овошни сокови. Наместо тоа изберете вода или сокови без шеќер
  • Заменете ги слатките со свежо овошје како здрава алтернатива
  • Трудете се да имате 5 порции овошје и зеленчук во текот на денот (колку можете да имате во една шака) – може да биде свежо, замрзнато, од конзерва или сушено
  • Ограничете го внесот на алкохол према актуелните водичи
  • Намалете го внесот на процесирана храна и однапред спремена храна која често има вишок на соли, шеќери и маснотии
  • Припремите здрав домашен оброк и однесе те го на работа или на училиште

ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ?

Високо ниво на шеќер во крвта може да укажува на дијабетес. Кардиоваскуларните болести се главна причина за смртност кај пациентите со дијабет, ако не се препознаат на време. Дијабетот го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар како и од бубрежно оштетување.

КОРИСТЕТЕ ГО СРЦЕТО  ЗА ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ

  • Имајте умерена до интензивна физичка активност минимум 30 минути пет пати неделно
  • Можете да имате и интензивна физичка активност најмалку 75 минути неделно
  • Игра, шетање, работа дома, танцување- се се брои!
  • Бидете активни секој ден – користете ги скалите и пешањете наместо да го користите автомобилот, возете велосипед
  • Останете во форма и во вашиот дом  дури и за време на изолација можете да се приклучите со целото семејство на виртуелни часови за вежбање
  • Превземете аплиакции за вежбање или користете педометар за да го следите вашиот напредок

ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ?

Високиот крвен притисок е еден од главните фактори на ризик за кардиоваскуларни болести. Го нарекуваат тивок убиец, бидејки вообичаено нема предупредувачки знаци и симптоми и многу луѓе не се ни свесни дека имаат хипертензија.

КОРИСТЕТЕ ГО СРЦЕТО   ДА КАЖЕТЕ НЕ НА ПУШЕЊЕТО

  • Престанокот со пушењето е најдоброто нешто кое можете да го направите за здравјето на вашето срце
  • Во тек на 2 години по престанокот на пушење ризикот од кардиоваскуларни болести значајно се намалува
  • По 15 годни од прекинот ризикот е еднаков како и кај непушачите
  • Ако престанете да пушите или воопшто не пушите , ќе го подобрите вашето здравје и здравјето на вашите блиски
  • Ако имате потешкотии со престанокот на пушење, побарајте стручна помош

ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ?

Холестеролот се поврзува со 4 милиони смртни случаи годишно. Поради тоа замолете го вашиот доктор да ви ги измери вредностите на вашиот холестерол и вашата телесна тежина. Вашиот лекар ќе го процени вашиот кардиоваскуларен ризик.