Одбележување на Светскиот ден на срцето 29-ти септември

Македонското здружение по кардиологија и Клиниката за кардиологија го одбележаа Светскиот дена на срцето 29-ти септември со настан кој обедини експерти од областа на кардиологијата, здравствени работници од разни профили, истражувачи и пациенти со презентирање на лични искуства, кои имаа за цел да го промовираат кардиоваскуларното здравје и да го потсетат населението за важноста на превенцијата. Настанот се одржа на 30 септември 2024 година во амфитеатарот на Клиниката за кардиологија. Оваа година акцент беше ставен на ангажманот на заедницата и колаборативните напори во справувањето со срцевите заболувања глобално.

На темата дебатираа познати и еминентни кардиолози како и јавно-здравствени активисти кои зборуваа за последните значајни истражувања во областта на кардиолгијата, стратегиите за превенција и влијанието на промените во начин на живот врз здравјето на срцето.

Настанот го отвори директорот на Клиниката за кардиологија Прим д-р Беким Поцеста, а завршно излагање имаше претседателот на Македонското здружение по кардиологија, Проф. д-р Јорго Костов, кој одговараше и на прашањата на присутните новинари. Во дискусијата се вклучија и учесниците  кои ги  споделија своите видувања  за ефективните образовни програми и иновативните здравствени иницијативи насочени кон намалување на стапката на срцеви заболувања.

Целта на настанот беше да се потенцира важноста на раната детекција на кардиоваскуларните заболувања, но истовремено и да се подигне јавната свест за важноста на имплементацијата на здравите животни навики со цел превенирање на појава на кардиоваскуларните заболувања кои остануваат водечка причина за морбидитет и морталитет во светот.

29ти септември е светскиот ден на срцето

29ти септември е светскиот ден на срцето. Оваа година мотото на глобалната кампања се фокусира на поголемата поврзаност на пациентите со своето срце и со срцата на сите нас. Мотото на овогодинешниот ден на срцето е ПОВРЗИ СЕ.

Пораката за Светската Срцева Федерација за поврзаност е уште побитна оваа година. Во COVID-19 пандемија каде сме изолирани, со потешка достапност кон медицинските услуги, психолошки оптоварени, поврзаноста е најважна. Ова е прилика сите да се поврземе со своите срца, да се погрижиме да ги храниме и негуваме најдобро што можеме.  Кардиоваскуларната превенција e уште поважна од било кога. 80% од кардиоваскуларните болести може да се превенираат само со промени на животниот стил, здрава исхрана, прекин на пушење, редовна физичка активност. Контролирајте ги добро сите ризик фактори – дијабетот, хипертензијата, дислипидемијата, гојазноста.

Да ги повземе сите срца и да поттикнеме зголемена информираности и намалена изолираност на пациентите во тек на оваа пандемија. Дигиталното поврзување ќе ја олесни поврзаности, информираноста и намали осаменоста на болните од кардиоваскуларни заболувања.

Кардиоваскуларните заболувања и овие ризик фактори ја зголемуваат смртноста од COVID-19.

Пациените се замолуваат да направат прави промени уште денес, за нив, за нивните најблиски, за сите нас. Да ги поврзат своите срца.