Почитувани колеги,

Имаме голема чест и задоволство да ви посакамe добредојде на Вториот меѓународен симпозиум за тромбоза.

Со гордост го најавуваме овој симпозиум по втор пат, а истиот ќе се одржи од 9 до 10 април 2021 година. Овој онлајн симпозиум ќе ги опфати темите: Тромбозата како пост КОВИД-19 компликација, Примена на Европските упатства за пулмонален тромбоемболизам и Искуство од реалниот живот со дијагностички и терапевтски модалитети на венска тромбемболија.

Симпозиумот е наменет за кардиолози, специјалисти по васкуларна медицина, интернa медицина, хематологија и трансфузиона медицина, како и субспецијалисти и специјализанти.

Во името на Организациониот комитет ве поканувам да учествувате на Меѓународниот Симпозиум за тромбоза.

 

Проф. д-р Маријан Бошевски, PhD, FICA
Работна група за Периферна артериска болест и тромбоза
Генерален секретар на Македонското здружение по кардиологија
Email: marijanbosevski@yahoo.com

ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПСТРАКТИ И ПОСТЕР ПРЕЗЕНТАЦИИ

Апстрактите да бидат напишани во фонтот Times New Roman со максимална големина на букви 12, единечен проред во А4 формат.

Не треба да содржат повеќе од 300 зборови, вклучувајќи го и насловот, имиња и презимиња на авторите, институцијата од која доаѓаат, содржината на апстрактот и максимум 5 клучни зборови.

Апстрактите треба да бидат што е можно поконцизни и да ги вклучува следните поднаслови:

ВОВЕД, ЦЕЛИ, МАТЕРИЈАЛ, МЕТОДИ, РЕЗУЛТАТИ, ЗАКЛУЧОК и РЕФЕРЕНЦИ.

ИСТИТЕ ТРЕБА ДА БИДАТ НАПИШАНИ НА МАКЕДОНСКИ И АНГЛИСКИ ЈАЗИК.

ПРЕДАВАЊАТА И Постер презентациите ќе се изведуваат исклучиво електронски, односно само како снимени видео презентации.

Сите апстракти и презентации да се достават на емаил адресaта: marijanbosevski@yahoo.com или пак со пополнување на формуларот за поднесуање апстракти подолу.

 

Тип на презентација (потребно)
Орална презентацијаПостер презентација

Закачи фајл*

Внеси го кодот!



 

За сите прифатени АПСТРАКТИ и ПОСТЕР ПРЕЗЕНТАЦИИ, одлука ја носи Научниот одбор.

НАПОМЕНА *:

  • КРАЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПСТРАКТИТЕ е 27.03.2021 год.
  • Сите прифатени предавања ќе бидат снимени како видео предавања во просториите на ПРУФ ПРИНТ.
  • После информацијата за прифатеното предавање, ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЈАВЕТЕ СЕ на телефонскиот број: 070/239-825 за да закажете термин за снимање.

РЕГИСТРАЦИЈА НА УЧЕСНИЦИ

 

 

Вид на учесник

Цена на регистрација

Учесници

1.540 ден

Специјализанти и студенти

1.090 ден

Во цените е вклучен ддв од 18%.

 

ЦЕЛОСНАТА РЕГИСТРАЦИЈА ВКЛУЧУВА:

–  Можност за учество на Симпозиумот
–  Сертификат со одобрени бодови од ЛКМ

 

НАПОМЕНА:

  • Акредитиран Сертификат од ЛКМ со одобрени бодови, ќе добие секој учесник кој бил онлајн присутен на Симпозиумот, и тоа минимум 60% од вкупното време на одржаниот Симпозиум (09 и 10.04.2021).
  • Сертификатот ќе биде доставен по завршување на Симпозиумот.

 

НАПОМЕНА:

Предавачите со прифатени орални предавања, целосно се ослободени од плаќање за регистрација.

Предавачите со прифатени постер презентации плаќаат 50% од висината на регистрацијата.

 Уплатите за регистрација на учесници се извршуваат на следната жиро сметка:

Глобал Нет Адв

Жиро сметка: 200-0031649772-96, Стопанска банка а.д. Скопје

Цел на плаќање: Втор Симпозиум за тромбоза”

 

За сите информации и детали за регистрација, техничка и логистичка поддршка, ве молиме обратете се до агенциите:

Глобал Нет Адв & ПруфПринт

Инфо телефони:071/317-377 и 070/221-066

Е-маил:globalnetadv@globalnetadv.mk и cvetanoski.slave@yahoo.com