Одбележување на Светскиот ден на срцето 29-ти септември

Македонското здружение по кардиологија и Клиниката за кардиологија го одбележаа Светскиот дена на срцето 29-ти септември со настан кој обедини експерти од областа на кардиологијата, здравствени работници од разни профили, истражувачи и пациенти со презентирање на лични искуства, кои имаа за цел да го промовираат кардиоваскуларното здравје и да го потсетат населението за важноста на превенцијата. Настанот се одржа на 30 септември 2024 година во амфитеатарот на Клиниката за кардиологија. Оваа година акцент беше ставен на ангажманот на заедницата и колаборативните напори во справувањето со срцевите заболувања глобално.

На темата дебатираа познати и еминентни кардиолози како и јавно-здравствени активисти кои зборуваа за последните значајни истражувања во областта на кардиолгијата, стратегиите за превенција и влијанието на промените во начин на живот врз здравјето на срцето.

Настанот го отвори директорот на Клиниката за кардиологија Прим д-р Беким Поцеста, а завршно излагање имаше претседателот на Македонското здружение по кардиологија, Проф. д-р Јорго Костов, кој одговараше и на прашањата на присутните новинари. Во дискусијата се вклучија и учесниците  кои ги  споделија своите видувања  за ефективните образовни програми и иновативните здравствени иницијативи насочени кон намалување на стапката на срцеви заболувања.

Целта на настанот беше да се потенцира важноста на раната детекција на кардиоваскуларните заболувања, но истовремено и да се подигне јавната свест за важноста на имплементацијата на здравите животни навики со цел превенирање на појава на кардиоваскуларните заболувања кои остануваат водечка причина за морбидитет и морталитет во светот.

Состанок на раководството на МЗК со Министерот за здравство (17.7.2023)

На ден 17.7.2023 во просториите на Министерството за здравство, Претседателот на Македонското здружение по кардиологија Проф. д-р Маријан Бошевски, во придружба со секретарот д-р. Беким Поцеста, оствари средба со Министерот за здравство д-р. Фатмир Меџити.

Заради преголемата оптовареност со кардиоваскуларните заболувања, кои сеуште се број еден по честота и смртност во земјата и глобално, во име на МЗК беше побарано од властите поголемо активирање и ревидирање на позитивната листа, пред се од страна на генеричките и иновативните лекови за антикоагулација, антиагрегација, но и осовремување на палетата за срцевата слабост и артериската хипертензија. 

Македонското здружение по кардиологија како водечко професионално здружение се залага и ќе даде подршка во мултидисциплинарниот пристап на цикулаторните заболувања во земјата, како и во понатамошните залагања за осовремување на третманот на кардиоваскуларните пациенти.  

Светски ден на срцето 2017

Почитувани колеги,

Македонското здружение по кардиологија (МКЗ) во знак на обележување на Светскиот ден на срцето ќе одржи секција за која во прилог имате покана.

Воедно, на истиот состанок ќе се одржи и избор за Претседател на МКЗ.

Со почит,

Проф.Е.Србиновска Костовска

Генерален секретар на МКЗ

Heart Failure Awarenes day, Македонија, 2015

Европското здружение по кардиологија и Европското здружение за срцева слабост го воведоа “EUROPEAN HEART FAILURE AWARENES DAY”, со цел да се зголеми свесноста на целокупната јавност, медицинска и немедицинска за овој во иднина растечки проблем. Македонското здружение по кардиологија се приклучува во одбележување на овој настан, кој оваа година се одбележува од 8-10 Мај.

Оваа година во фокусот ги имаме матичните лекри, кои се првата карика во ланецот на здравствените професионалци, најповикани за превенција и рано препознавање на симптомите и знаците на срцева слабост.

Централна активност СИМПОЗИУМ ПОСВЕТЕН НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА СРЦЕВАТА СЛАБОСТ “EUROPEAN HEART FAILURE AWARENES DAY”, May 8-10, 2015

Организатори: Македонско здружение по кардиологија Универзитетска клиника за кардиологија
Поддржувач на настанот: АЛКАЛОИД, Скопје

ПРОГРАМА:
1. Срцева слабост Предавач: Проф. Др Елизабета Србиновска, Костовска
2. Превенција на срцева слабост Предавач: Доцент Др Марија Вавлукис
3. Медикаментозен третман на срцева слабост Предавач: Асистент Др Лидија Поповска
4. Срцева слабост и коморбидитети Предавач: Проф. Др Славчо Тошев
5. Дискусија Состанокот ќе се одржи на 07.05.2015г., (четврток), со почеток во 20.00ч, во хотелот Stone Bridge – Скопје.

Дополнителни активности кои се планирани се:
1. Учество на матичните лекари во спроведување на анкета за знаењето кое граѓаните го имаат за овој голем здравствен проблем, оваа година за уште една асоцирана состјба а тоа е цереброваскуларниот инсулт. Оваа анкета оваа година ја остваруваме по втор пат, со помош на матичните лекраи. Анкетата е интернационална иницијатива во која е вклучено и нашето Здружение по кардиологија, а е во организација на Universitätsklinik Würzburg Deutsches Zentrum für Herzinsuffizienz ● Würzburg, Comprehensive Heart Failure Center (CHFC) , достапно преку веб порталот: www.dzhi.de Приклучете се

23rd annual meeting of the Alpe Adria Association of Cardiology

Драги колеги, 23-тиот по ред годишен состанок на Alpe Adia Association of Cardiology, оваа година се одржува на Блед, Словенија. Крајниот рок за испражање на апстракти е продолжен до 20 април. За сите заинтересирани, следејќи го линкот подолу може да добиете подетални информации, и да испратите свој труд доколку сте заинтересирани: http://www.aacardio2015.sicardio.org

Светски ден на срцето 2013

Тргни кон здраво срце, 29. 9. 2013.

Светскиот ден на срцето се одбележува на 29 септември 2013 година под мотото “Тргни кон здраво срце”.
Во знак на одбележување на Светскиот ден на срцето, Ве охрабруваме да превземете чекори кон здраво срце: бидете физички активни, хранете се здраво, не пушете и не дозволувајте другите да пушат, за да себеси, на своето семејство и на блиските им го намалите ризикот од болести на срцето и од мозочен удар.
Научете ги вашите деца да се однесуваат здраво, затоа што
ЗДРАВИТЕ ДЕЦА СЕ РАЗВИВААТ ВО ЗДРАВИ АДУЛТИ, А ТИЕ ГРАДАТ ЗДРАВИ СЕМЕЈСТВА И ЗАЕДНИЦИ!
Централната манифестација за одбележување на Деност на срцето е предвидена на 29 септември со низа од активности:
Од 10 до 11 часот во Хотелот Александар Палас ќе се одржи стручен состанок,а на кој покрај другите активности, ќе има кратки предавања на темите кои ги опфаќаат таргет групите на овогодинешниот Ден на срцето:
Жената и КВБ – Проф д-р Елизабета Србиновска Костовска
Децата и КВБ – Доц д-р Марија Вавлукис
Физичката активност и КВБ – Асс д-р Лидија Попоска
Од 09-12 часот лекарски прегледи/ 11:15 часот крос
Скопје-кеј на Вардар (кај Александар Палас)
Тетово-плоштад Илирија
Охрид-кеј на езеро (кафе бар Објектив)
Македонско здружение по кардиологија

 

About World Heart Day

(Courtesy of Kenyan-Heart National Foundation)
World Heart Day was created in 2000 to inform people around the globe that heart disease and stroke are the world’s leading cause of death, claiming 17.3 million lives each year and the numbers are rising. By 2030, it is expected that 23 million people will die from CVDs annually – that is more than the population of Australia!
World Heart Day takes place on 29 September each year: Together with its members, the World Heart Federation spreads the news that at least 80% of premature deaths from heart disease and stroke could be avoided if the main risk factors, tobacco, unhealthy diet and physical inactivity, are controlled.
National activities such as public talks and screenings, walks and runs, concerts or sporting events are organized worldwide by members and partners of the World Heart Federation.

World Heart Day 2013 theme

This year’s theme addresses the importance of a life-course approach to the prevention and control of cardiovascular disease (CVD) with a focus on women and children. This campaign will highlight what actions can be taken through a person’s life to reduce their risk of CVD.
Today we have an opportunity to prevent the future impact of heart disease and stroke by adopting heart-healthy living from childhood throughout adulthood.

Светски ден на срцето 2012


 

Почитувани,

Македонското здружение по кардиологија по повод Светскиот ден на срцето 29 септември, Ве поканува на Стручен состанок на тема:
 
НОВИ ОРАЛНИ АНТИКОАГУЛАНТИ – НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ ВО КАРДИОЛОГИЈАТА
 
Состанокот ќе се одржи во хотел Александар Палас, Скопје на 25.09.2012 година (вторник) со почеток во 14:00 часот.
 
Дневен ред:
 
      Отвoрање на стручниот состанокот
      Prof. Panagiotis Vardas, University Hospital of Heraklion, Heraklion,Crete, Greece, актуелен Претседател нa Европското кардиолошко здружение
    The burden of atrial fibrillation, current and future treatment options – the ESC guideline 2012
        Асс. Лидија Попоска, Универзитетска Клиника за кардиологија, Скопје
Постои ли јаз помеѓу водичите и клиничката пракса во менаџментот на атријалната фибрилација?
       Проф. Сашко Кедев, Универзитетска Клиника за кардиологија, Скопје
Артериска и венска тромбоза – местото на новите орални антикоагуланси
        Dr. Wolf Sittner, Bayer HealthCare
Rivaroxaban Overview of the Clinical Development Programme with update on key data milestones
        Дискусија
 
Состанокот е под покровителство на фармацевтската компанија Bayer HealthCare
 
Ќе ни преставува задоволство ако присуствувате на состанокот
 
             Скопје, 18.09.2012                                                  Преседател на МЗК
                                                                                           Проф.др.Сашко Кедев

 

    Прочитајте нешто повеќе за одбележувањето на светскиот ден на срцето

                              Одбележување на светскиот ден на срцето 2012

 

Одбележување на светскиот ден на срцето

Почитувани,
По повод одбележувањето на Светскиот ден на срцето, Македонското кардиолошко здружение и Фармацевтската компанија Bayer HealthCare, Ве покануваат на стручен состанок на тема:
 
НОВИНИ ВО ТРЕТМАНОТ НА КАРДИОВАСКУЛАРНИТЕ  ЗАБОЛУВАЊА
 
Состанокот ќе се одржи во Хотел АлександарПалас – Скопје, на ден 29 Септември 2011г. (четврток), со почеток во 13 часот.
Состанок е акредитиран од МЛД и ЛКМ.
 
Дневен ред:
– Отворање на стручниот состанок
– Предавања:
 
1. Аортна валвуларна реконструкција -актуелни трендови
Предавач: Др. Жан Митрев
Специјална болница по хируршки болести Филип Втори – Скопје
 
2. Коронарно стентирање или коронарен бај-пас кај пациенти со стеноза на главното стебло или повеќесадовна коронарна артериска болест
Предавач: Проф Д-р Сашко Кедев
Универзитетска клиника за кардиологија- Скопје
 
3. Кардиохирургија – кардиологија  “Волкот ќе живее со јагнето…“ Исаија 11:6
Предавач: Др. Салис Таџер
Клиничка болница Систина-Скопје
 
– Дискусија
 
Ќе ни претставува особена чест и задоволство доколку присуствувате на состанокот, и со тоа се вклучите во одбележувањето на Свестскиот ден на срцето, кој оваа година се одржува под мотото: “Еден свет, еден дом, едно срце”.