Почитувани,
По повод одбележувањето на Светскиот ден на срцето, Македонското кардиолошко здружение и Фармацевтската компанија Bayer HealthCare, Ве покануваат на стручен состанок на тема:
НОВИНИ ВО ТРЕТМАНОТ НА КАРДИОВАСКУЛАРНИТЕ ЗАБОЛУВАЊА
Состанокот ќе се одржи во Хотел АлександарПалас – Скопје, на ден 29 Септември 2011г. (четврток), со почеток во 13 часот.
Состанок е акредитиран од МЛД и ЛКМ.
Дневен ред:
– Отворање на стручниот состанок
– Предавања:
1. Аортна валвуларна реконструкција -актуелни трендови
Предавач: Др. Жан Митрев
Специјална болница по хируршки болести Филип Втори – Скопје
2. Коронарно стентирање или коронарен бај-пас кај пациенти со стеноза на главното стебло или повеќесадовна коронарна артериска болест
Предавач: Проф Д-р Сашко Кедев
Универзитетска клиника за кардиологија- Скопје
3. Кардиохирургија – кардиологија “Волкот ќе живее со јагнето…“ Исаија 11:6
Предавач: Др. Салис Таџер
Клиничка болница Систина-Скопје
– Дискусија
Ќе ни претставува особена чест и задоволство доколку присуствувате на состанокот, и со тоа се вклучите во одбележувањето на Свестскиот ден на срцето, кој оваа година се одржува под мотото: “Еден свет, еден дом, едно срце”.