29ти септември е светскиот ден на срцето. Оваа година мотото на глобалната кампања се фокусира на поголемата поврзаност на пациентите со своето срце и со срцата на сите нас. Мотото на овогодинешниот ден на срцето е ПОВРЗИ СЕ.
Пораката за Светската Срцева Федерација за поврзаност е уште побитна оваа година. Во COVID-19 пандемија каде сме изолирани, со потешка достапност кон медицинските услуги, психолошки оптоварени, поврзаноста е најважна. Ова е прилика сите да се поврземе со своите срца, да се погрижиме да ги храниме и негуваме најдобро што можеме. Кардиоваскуларната превенција e уште поважна од било кога. 80% од кардиоваскуларните болести може да се превенираат само со промени на животниот стил, здрава исхрана, прекин на пушење, редовна физичка активност. Контролирајте ги добро сите ризик фактори – дијабетот, хипертензијата, дислипидемијата, гојазноста.
Да ги повземе сите срца и да поттикнеме зголемена информираности и намалена изолираност на пациентите во тек на оваа пандемија. Дигиталното поврзување ќе ја олесни поврзаности, информираноста и намали осаменоста на болните од кардиоваскуларни заболувања.
Кардиоваскуларните заболувања и овие ризик фактори ја зголемуваат смртноста од COVID-19.
Пациените се замолуваат да направат прави промени уште денес, за нив, за нивните најблиски, за сите нас. Да ги поврзат своите срца.