Европското здружение по кардиологија и Европското здружение за срцева слабост го воведоа “EUROPEAN HEART FAILURE AWARENES DAY”, со цел да се зголеми свесноста на целокупната јавност, медицинска и немедицинска за овој во иднина растечки проблем. Македонското здружение по кардиологија се приклучува во одбележување на овој настан, кој оваа година се одбележува од 8-10 Мај.
Оваа година во фокусот ги имаме матичните лекри, кои се првата карика во ланецот на здравствените професионалци, најповикани за превенција и рано препознавање на симптомите и знаците на срцева слабост.
Централна активност СИМПОЗИУМ ПОСВЕТЕН НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА СРЦЕВАТА СЛАБОСТ “EUROPEAN HEART FAILURE AWARENES DAY”, May 8-10, 2015
Организатори: Македонско здружение по кардиологија Универзитетска клиника за кардиологија
Поддржувач на настанот: АЛКАЛОИД, Скопје
ПРОГРАМА:
1. Срцева слабост Предавач: Проф. Др Елизабета Србиновска, Костовска
2. Превенција на срцева слабост Предавач: Доцент Др Марија Вавлукис
3. Медикаментозен третман на срцева слабост Предавач: Асистент Др Лидија Поповска
4. Срцева слабост и коморбидитети Предавач: Проф. Др Славчо Тошев
5. Дискусија Состанокот ќе се одржи на 07.05.2015г., (четврток), со почеток во 20.00ч, во хотелот Stone Bridge – Скопје.
Дополнителни активности кои се планирани се:
1. Учество на матичните лекари во спроведување на анкета за знаењето кое граѓаните го имаат за овој голем здравствен проблем, оваа година за уште една асоцирана состјба а тоа е цереброваскуларниот инсулт. Оваа анкета оваа година ја остваруваме по втор пат, со помош на матичните лекраи. Анкетата е интернационална иницијатива во која е вклучено и нашето Здружение по кардиологија, а е во организација на Universitätsklinik Würzburg Deutsches Zentrum für Herzinsuffizienz ● Würzburg, Comprehensive Heart Failure Center (CHFC) , достапно преку веб порталот: www.dzhi.de Приклучете се