Македонското здружение по кардиологија (МЗК) е самостојна стручна, научна и едукативна организација од областа на кардиологијата, ангиологијата и кардиоваскуларната хирургија. Таа е непрофитабилна организација, а членовите се волонтери, здравствени професионалци од областа.
Македонското здружение по кардиологија е едно од 56 национални здруженија на Европскотои здружение по кардиологија, односно во заедницата од 95.000 здравствени професионалци. Исто така е член на Светската организација за срце.
Целта на здружението е да го намали кардиоваскуларниот морбидитет и морталитет во Република Македонија, во согласност со напорот и насоките што ги дава Европското здружение по кардиологија, ценејќи ги локалните спесифичности на земјата. Се грижи за современ пристап во превенција, дијагнозата и терапијата на кардиоваскуларните заболувања, унапредување на сознанијата за срцето и васкуларните заболувања, помага во едукацијата за подолгото преживувања и подобрување на квалитетот на животот на пациентите со кардиоваскуларни заболувања.