Почитувани колеги,
На 02 и 03.09.2022 год. ќе се одржи Симпозиумот Vessels Seminar, користејќи ја online платформата. Симпозиумот ќе се задржи на актуелните текови за крвните садови, примарната и секундарната превенција, дијагностичките модалитети како и терапевскиот пристап кон нивните заболувања. Заради краткоста на времето беше задржан принципот на поканети предавања и случаи. Фармацевтските фирми кои изразија интерес ќе бидат застапени со комерцијални симпозиуми.
Ве очекуваме,
Проф. д-р Маријан Бошевски, FESC,
Претседател на МЗК
РЕГИСТРАЦИЈА НА УЧЕСНИЦИ
Вид на учесник | Цена на регистрација |
Учесници | 2.000 ден |
Специјализанти и студенти | 1.300 ден |
Во цените е вклучено ддв од 18%.
ЦЕЛОСНАТА РЕГИСТРАЦИЈА ВКЛУЧУВА:
- Можност за учество на Симпозиумот
- Сертификат со одобрени бодови од ЛКМ
НАПОМЕНА:
- Акредитиран Сертификат од ЛКМ со одобрени бодови, ќе добие секој учесник кој бил онлајн присутен на Симпозиумот, и тоа минимум 60% од вкупното време на одржаниот Симпозиум (02 и 03.09.2022).
- Сертификатот ќе биде доставен по завршување на Симпозиумот.
НАПОМЕНА:
Предавачите со орални предавања, целосно се ослободени од плаќање за регистрација.
Уплатата за регистрација на учесниците се врши на следната жиро сметка:
Глобал Нет Адв
Жиро сметка: 200-0031649772-96, Стопанска банка а.д. Скопје
Цел на плаќање: ”Vessels seminar”