Почитувани колеги,
Во име на Mакедонското здружение по кардиологија, но и организациониот комитет, Ве поканувам на Симпозиумот ,,Новини во кардиологијата” или “Highlights in cardiology” што ќе се одржи од 4 до 6.11.2022 во хотел DoubleThree by Hilton, Скопје.
Истиот веќе задоби карактер на традиционален, бидејќи се одржува по трет пат.
Наменет е не само за кардиолози, туку и за интернисти и доктори специјализанти.
Главните теми ќе бидат новите водичи и студии од кардиоваскуларната медицина. Од не помало значење ќе биде размената на искуства на регионално и европско ниво.
Се очекува учество од домашни и европски стручњаци, но и учество на фармацевтски фирми со комерцијални симпозиуми.
Добредојдовте на истиот.
Проф. д-р Маријан Бошевски, FESC
Претседател на Македонското здружение по кардиологија на Северна Македонија
СМЕТУВАЊЕ
Цените за сместување во хотелот каде ќе се одржи симпозиумот, се следни:
Hotel | Сместување | ЦЕНА ПО СОБА/
НОЌЕВАЊЕ СО ПОЈАДОК |
|
х. DoubleTree by Hilton, Скопје | Еднокреветна | 85 EUR | |
Двокреветна | 95 EUR |
Можно е сместување и во повеќекреветни соби.
ОТКАЖУВАЊЕ НА СМЕСТУВАЊЕ
- За откажано сместување до 07.10.2022, средствата ќе се рефундираат во целост, намалени за банкарските трошоци.
- За откажано сместување до 21.10.2022, средствата ќе се рефундираат до 50% од уплатените средства, намалени за банкарските трошоци.
- За откажано сместување по 21.10.2022, НЕ СЛЕДУВА РЕФУНДАЦИЈА НА УПЛАТЕНИТЕ СРЕДСТВА.
За сите информации и детали за сместување, превоз, техничка и логистичка поддршка, ве молиме обратете се до агенциите:
Глобал Нет Адв & Пруф Принт
Инфо телефони: 070/392-638 и 070/221-066
Е-маил: globalnetadv@globalnetadv.mk и cvetanoski.slave@yahoo.com
КОТИЗАЦИЈА (РЕГИСТРАЦИЈА) НА УЧЕСНИЦИ
Вид на учесник | Регистрација
ДО 07.10.2022 |
Регистрација
ДО 21.10.2022 |
Регистрација ОД 21.10.2022 |
Членови на Здружението | 80 ЕУР | 100 ЕУР | 120 ЕУР |
Учесници кои не се членови | 100 ЕУР | 120 ЕУР | 140 ЕУР |
Придружба, Специјализанти студенти, Медицински техничари * | 50 ЕУР | 70 ЕУР | 90 ЕУР |
На цената СЕ ПРЕСМЕТУВА ДОПОЛНИТЕЛНО ДДВ 18%.
НАПОМЕНА за ознаката *:
Означените категории со платената котизација, добиваат програма и ID картица за слободен влез на сесиите со предавањата, свечените ручеци и вечери, ДОБИВААТ СЕРТИФИКАТ ЗА УЧЕСТВО БЕЗ БОДОВИ, НО НЕ ИМ СЛЕДУВААТ ПЕЧАТЕНИ МАТЕРИЈАЛИ.
Цените се изразени во ЕВРА, а плаќањето е во противвредност во денари, по курс од 62,00 ден/1 ЕУР.
КОТИЗАЦИЈАТА ВКЛУЧУВА
|
|
|
|
|
|
НАПОМЕНА *:
* УЧЕСНИЦИТЕ КОИ ПЛАТИЛЕ КОТИЗАЦИЈА ќе може да присуствуваат на сите настани на Симпозиумот, вклучително и свечените ручеци, коктели и вечери.
* СИТЕ ПОСЕТИТЕЛИ КОИ НE ПЛАТИЛЕ КОТИЗАЦИЈА присуството на свечен ручек, вечера и/или коктели, СЕ НАПЛАТУВА ПО 35€ ПО ЧОВЕК ЗА СЕКОЈ ОБРОК ПООДЕЛНО.
Уплатите за регистрација на учесници се извршуваат на следната жиро сметка:
Глобал Нет Адв
Жиро сметка: 200-0031649772-96, Стопанска банка а.д. Скопје
Цел на плаќање: “Симпозиум кардиолози 2022”
За сите информации и детали за регистрација, ве молиме обратете се до агенцијата:
Инфо телефони: 070/392-638 и 071/317–377
Е-маил: globalnetadv@globalnetadv.mk и globalneta@gmail.com