Почитувани колеги,
Чест ми е во името на работната група за организација на 7. Македонски кардиолошки конгрес да го најавам истиот. Овој конгрес ќе се одржи од 5.10 до 8.10 во хотел Метропол Охрид, РС Македонија.
Ќе бидат опфатени сите области и теми од кардиологијата и кардиоваскуларната медицина, коронарната и периферната артериска болест, срцевата слабост, болестите на срцевите залистоци, артериската хипертензија, венските цикулаторни заболувања, срцевите аритмии со сите модалитети на нивна дијагностика вклучително сликовна, но и нивното лекување медикаментозно односно перкутано, како на акутните така и на хроничните облици.
Посебен акцент ќе биде даден на новите водичи од Европското здружение по кардиологија. Освен пленарните сесии, планирани се тематски симпозиуми, како презентации на случаи и постери за кои очекуваме ваше активно учество.
Конгресот е наменет не само за кардиолози, туку интернисти, васкуларни лекари, семејни лекари, но и специјализанти по кардиологија и интерна медицина.
Својот интерес го најавија членовите на бордот од Европското здружение по кардиологија, но и регионалните национални здруженија по кардиологија.
Ви посакувам добредојде на 7. Македонски кардиолошки конгрес.
Проф. д-р Маријан Бошевски, FESC
Претседател на МЗК
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОРАЛНО МОДЕРИРАНИТЕ ПОСТЕРИ:
ПОЧИТУВАНИ, СО КЛИКАЊЕ НА ДОЛНИОТ ЛИНК ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ВАШИОТ АПСТРАКТ ПОДНЕСЕН КАКО ПОСТЕР ПРЕЗЕНТАЦИЈА СЕ НАОЃА ПОМЕЃУ ИЗБРАНИТЕ ПОСТЕР ПРЕЗЕНТАЦИИ КОИ ЌЕ БИДАТ ОРАЛНО МОДЕРИРАНИ. ДКОЛКУ СТЕ ВО ЛИСТАТА ТОГАШ Е ПОТРЕБНО ДА ИЗРАБОТИТЕ ПРЕЗЕНАТАЦИЈА НЕ ПОДОЛГА ОД ЧЕТРИ СЛАЈДА И ДА ЈА ИЗЛОЖИТЕ СО ВРЕМЕТРАЕЊЕ НЕ ПОДОЛГО ОД 4 МИНУТИ ВО СЕСИЈАТА ЗА ОРАЛНО МОДЕРИРАНИ ПОСТЕРИ СПОРЕД ПРОГРАМАТА.
ДОКОЛКУ НЕ СТЕ ВО ЛИСТАТА ТОГАШ ВАШИОТ АПСТРАКТ ЌЕ БИДЕ САМО ОБЈАВЕН ВО КНИГАТА НА АПСТРАКТИ.
КОТИЗАЦИЈА (РЕГИСТРАЦИЈА) НА УЧЕСНИЦИ
Вид на учесник | Регистрација
ДО 15.09.2023 |
Регистрација
ДО 25.09.2023 |
Регистрација
OД 25.09.2023 |
ЧЛЕНОВИ на ЗДРУЖЕНИЕ, СО ПЛАТЕНА ЧЛАНАРИНА ЗА 2023 год. | 8.800 ден. | 10.250 ден. | 11.700 ден. |
Учесници кои НЕ СЕ ЧЛЕНОВИ на ЗДРУЖЕНИЕТО | 11.160 ден. | 12.610 ден. | 14.060 ден. |
Придружба, студенти и технички персонал (БЕЗ ПЕЧАТЕНИ МАТЕРИЈАЛИ) | 7.300 ден. | 8.050 ден. | 8.800 ден. |
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕН 18% ДДВ
КОТИЗАЦИЈАТА ВКЛУЧУВА:
– Комплет материјал и ID карта
– Присуство на сите научни сесии
– Сертификат со одобрени бодови од ЛКМ
– Пристап во изложбениот простор
– Присуство на свечено отворање
– Присуство на организирани ручеци и свечeни вечери
НАПОМЕНА:
*СИТЕ УЧЕСНИЦИ КОИ ИМААТ ПЛАТЕНО КОТИЗАЦИЈА, А НЕ СЕ СМЕСТЕНИ ВО ХОТЕЛИТЕ ОБЕЗБЕДЕНИ ИД ОРГАНИЗАТОРОТ, ЗА ПРИСУСТВО НА СВЕЧЕНИТЕ ВЕЧЕРИ, АВАНСНО ДОПЛАЌААТ 35€ ПО ЧОВЕК, ЗА СЕКОЈА ВЕЧЕРА ПООДЕЛНО.
СИТЕ ПОСЕТИТЕЛИ КОИ НEМААТ ПЛАТЕНО КОТИЗАЦИЈА, ЗА ПРИСУСТВО НА СВЕЧЕНИ ВЕЧЕРИ, И/ИЛИ ОРГАНИЗИРАНИ РУЧЕЦИ, ПЛАЌААТ 45€ ПО ЧОВЕК, ЗА СЕКОЈ ОБРОК ПООДЕЛНО
Сите уплати мора да бидат завршени пред започнување на настанот
За сите информации, уплати и детали за регистрација, ве молиме обратете се до агенциите:
СМЕСТУВАЊЕ
Цените за сместување во хотелите, за време на конгресот се следни:
Hotel | Сместување | ЦЕНА ПО ЛИЦЕ/
НОЌ/ ПОЛУПАНСИОН |
|
х. МЕТРОПОЛ – Охрид |
Еднокреветна | 65 € | |
Двокреветна | 49 € | ||
х. БЕЛВИ – Охрид | Еднокреветна | 65 € | |
Двокреветна | 45 € |
ОТКАЖУВАЊЕ НА СМЕСТУВАЊЕ
- За откажано сместување до 10.09.2023, средствата ќе се рефундираат во целост, намалени за банкарските трошоци.
- За откажано сместување до 25.09.2023, средствата ќе се рефундираат до 50% од уплатените средства, намалени за банкарските трошоци.
- За откажано сместување по 25.09.2023, НЕ СЛЕДУВА РЕФУНДАЦИЈА НА УПЛАТЕНИТЕ СРЕДСТВА.
ПРИСУСТВО ДО СИТЕ ЛОКАЦИИ ВО ХОТЕЛОТ МЕТРОПОЛ КОИ СЕ ПОВРЗАНИ СО НАСТАНОТ, ЌЕ БИДЕ ДОЗВОЛЕН САМО ЗА ЛИЦАТА КОИ ИМААТ ПЛАТЕНО КОТИЗАЦИЈА.
ЗА СИТЕ ИНФОРМАЦИИ И ДЕТАЛИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ И ПРЕВОЗ, ВЕ МОЛИМЕ ОБРАТЕТЕ СЕ НА:
E-mail: globalneta@gmail.com
ЗА СИТЕ ИНФОРМАЦИИ ПОВРЗАНИ СО НАСТАНОТ ОБРАТЕТЕ СЕ ДО АГЕНЦИИТЕ:
ПОДНЕСУВАЊЕT НА АПСТРАКТИ И ПОСТЕР ПРЕЗЕНТАЦИИ
Поднесувањетo на апстракти и постер презентации се врши електронски, со користење на формуларот што се наоѓа подолу на страницта.
Апстрактите треба да бидат напишани во фонтот Times New Roman со максимална големина на букви 12, единечен проред во А4 формат.
Не треба да содржи повеќе од 300 зборови, вклучувајќи го и насловот, имиња и презимиња на авторите, институцијата од која доаѓаат и содржината на апстрактот, и максимум 5 клучни зборови.
Апстрактите треба да бидат што е можно поконцизни и да ги вклучуваат следните поднаслови:
ВОВЕД, ЦЕЛИ, МАТЕРИЈАЛ, МЕТОДИ, РЕЗУЛТАТИ и ЗАКЛУЧОК
Усните предавања може да бидат на мајчин јазик, но презентациите МОРА ДА БИДАТ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК.
Постер презентациите ќе се изведуваат исклучиво електронски на LCD екрани. и поради тоа презентациите треба да бидат направени како Пауер Поинт (power point) презентации, и тоа 16:9 format, со максимално до 5 слајда.
Апстрактите и постер презентациите, задолжително мора да бидат напишани на Македонски и на Англиски јазик.
- За сите одобрени АПСТРАКТИ и ПОСТЕР ПРЕЗЕНТАЦИИ, одлука ќе донесе Научниот одбор
- КРАЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПСТРАКТИ и ПОСТЕР ПРЕЗЕНТАЦИИ Е ДО 10.09.2023 ГОД.
- КРАЕН РОК ЗА ПОТВРДА НА ПРИФАТЕНИ АПСТРАКТИ и ПОСТЕР ПРЕЗЕНТАЦИИ: 15.09.2023 ГОД.
- Во книгата на трудови, ќе бидат печатени само оние трудови за кои има платена котизација