Почитувани колеги и пријатели,
Чест ми е во името на Макеоднското здружение по кардиологија да го најавам 2. Vessels Seminar. Истиот е наменет за Васкуларната медицина, Хипертензивната медицина и Тромбологијата и ќе се одржи од 29 до 30.3.2024 во хотел Хилтон Скопје, РС Македонија.
Ќе бидат опфатени области и теми од кардиологијата и кардиоваскуларната медицина, коронарната и периферната артериска болест, артериската хипертензија, венските цикулаторни заболувања, срцевите аритмии со сите модалитети на нивна дијагностика вклучително сликовна, но и нивното лекување медикаментозно односно перкутано, како на акутните така и на хроничните облици. Освен пленарните сесии, планирани се тематски симпозиуми, како презентации на случаи и постери за кои очекуваме ваше активно учество.
Семинарот е наменет не само за кардиолози, туку интернисти, васкуларни лекари, семејни лекари, но и специјализанти по кардиологија и интерна медицина.
Проф. д-р Маријан Бошевски, FЕSC
Претседател на МЗК
КОТИЗАЦИЈА (РЕГИСТРАЦИЈА) НА УЧЕСНИЦИ
Вид на учесник | Регистрација
ДО 09.03.2024 |
Регистрација
ДО 28.03.2024 |
Регистрација
OД 29.03.2024 |
ЧЛЕНОВИ на ЗДРУЖЕНИЕ, СО ПЛАТЕНА ЧЛАНАРИНА ЗА 2024 год. | 5.890 ден. | 7.320 ден. | 8.800 ден. |
Учесници кои НЕ СЕ ЧЛЕНОВИ на ЗДРУЖЕНИЕТО | 6.950 ден. | 8.430 ден. | 9.860 ден. |
Придружба, студенти и технички персонал (БЕЗ ПЕЧАТЕНИ МАТЕРИЈАЛИ) | 5.150 ден. | 6.200 ден. | 7.320 ден. |
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕН 18% ДДВ
ВИСИНАТА НА ЦЕНАТА НА КОТИЗАЦИЈАТА СЕ ОПРЕДЕЛУВА СПОРЕД
ДЕНОТ НА ИЗВРШЕНОТО ПЛАЌАЊЕ
КОТИЗАЦИЈАТА ВКЛУЧУВА:
– Комплет материјал и ID карта
– Присуство на сите научни сесии
– Сертификат со одобрени бодови од ЛКРСМ
– Пристап во изложбениот простор
– Присуство на свечено отворање
– Присуство на организиран ручек
НАПОМЕНА:
СИТЕ ПОСЕТИТЕЛИ КОИ НEМААТ ПЛАТЕНО КОТИЗАЦИЈА, ЗА ПРИСУСТВО НА СВЕЧЕНИ ВЕЧЕРИ, И/ИЛИ ОРГАНИЗИРАНИ РУЧЕЦИ, ПЛАЌААТ 45€ ПО ЧОВЕК, ЗА СЕКОЈ ОБРОК ПООДЕЛНО
Сите уплати мора да бидат завршени пред започнување на настанот
За сите информации, уплати и детали за регистрација, ве молиме обратете се до агенциите:
СМЕСТУВАЊЕ
Цените за сместување во хотелот, за време на настанот се следни:
Hotel | Сместување | ЦЕНА ПО СОБА/
НОЌ/ ПОЛУПАНСИОН |
|
Хотел „DoubleTree by Hilton“, Скопје |
Еднокреветна | 110 € | |
Двокреветна | 125 € |
ОТКАЖУВАЊЕ НА СМЕСТУВАЊЕ
- За откажано сместување до 02.03.2024, средствата ќе се рефундираат во целост, намалени за банкарските трошоци.
- За откажано сместување до 22.03.2024, средствата ќе се рефундираат до 50% од уплатените средства, намалени за банкарските трошоци.
- За откажано сместување по 23.03.2024, НЕ СЛЕДУВА РЕФУНДАЦИЈА НА УПЛАТЕНИТЕ СРЕДСТВА.
ПРИСУСТВО ДО СИТЕ ЛОКАЦИИ ВО ХОТЕЛОТ КОИ СЕ ПОВРЗАНИ СО НАСТАНОТ, ЌЕ БИДЕ ДОЗВОЛЕН САМО ЗА ЛИЦАТА КОИ ИМААТ ПЛАТЕНО КОТИЗАЦИЈА.
ЗА СИТЕ ИНФОРМАЦИИ И ДЕТАЛИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ И ПРЕВОЗ, ВЕ МОЛИМЕ ОБРАТЕТЕ СЕ НА:
E-mail: globalneta@gmail.com
ЗА СИТЕ ИНФОРМАЦИИ ПОВРЗАНИ СО НАСТАНОТ ОБРАТЕТЕ СЕ ДО АГЕНЦИИТЕ:
ПОДНЕСУВАЊЕT НА АПСТРАКТИ И ПОСТЕР ПРЕЗЕНТАЦИИ
Поднесувањетo на апстракти и постер презентации се врши електронски, со користење на формуларот што се наоѓа подолу на страницта.
Апстрактите треба да бидат напишани во фонтот Times New Roman со максимална големина на букви 12, единечен проред во А4 формат.
Не треба да содржи повеќе од 300 зборови, вклучувајќи го и насловот, имиња и презимиња на авторите, институцијата од која доаѓаат и содржината на апстрактот, и максимум 5 клучни зборови.
Апстрактите треба да бидат што е можно поконцизни и да ги вклучуваат следните поднаслови:
ВОВЕД, ЦЕЛИ, МАТЕРИЈАЛ, МЕТОДИ, РЕЗУЛТАТИ и ЗАКЛУЧОК
Усните предавања може да бидат на мајчин јазик, но презентациите МОРА ДА БИДАТ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК.
Постер презентациите ќе се изведуваат исклучиво електронски на LCD екрани. и поради тоа презентациите треба да бидат направени како Пауер Поинт (power point) презентации, и тоа 16:9 format, со максимално до 5 слајда.
Апстрактите и постер презентациите, задолжително мора да бидат напишани на Македонски и на Англиски јазик.
- За сите одобрени АПСТРАКТИ и ПОСТЕР ПРЕЗЕНТАЦИИ, одлука ќе донесе Научниот одбор
- КРАЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПСТРАКТИ и ПОСТЕР ПРЕЗЕНТАЦИИ Е ДО 26.02.2024 ГОД.
- КРАЕН РОК ЗА ПОТВРДА НА ПРИФАТЕНИ АПСТРАКТИ и ПОСТЕР ПРЕЗЕНТАЦИИ: 02.03.2024 ГОД.
- Во книгата на трудови, ќе бидат печатени само оние трудови за кои има платена котизација