Одбележување на Светскиот ден на срцето 29-ти септември

Македонското здружение по кардиологија и Клиниката за кардиологија го одбележаа Светскиот дена на срцето 29-ти септември со настан кој обедини експерти од областа на кардиологијата, здравствени работници од разни профили, истражувачи и пациенти со презентирање на лични искуства, кои имаа за цел да го промовираат кардиоваскуларното здравје и да го потсетат населението за важноста на превенцијата. Настанот се одржа на 30 септември 2024 година во амфитеатарот на Клиниката за кардиологија. Оваа година акцент беше ставен на ангажманот на заедницата и колаборативните напори во справувањето со срцевите заболувања глобално.

На темата дебатираа познати и еминентни кардиолози како и јавно-здравствени активисти кои зборуваа за последните значајни истражувања во областта на кардиолгијата, стратегиите за превенција и влијанието на промените во начин на живот врз здравјето на срцето.

Настанот го отвори директорот на Клиниката за кардиологија Прим д-р Беким Поцеста, а завршно излагање имаше претседателот на Македонското здружение по кардиологија, Проф. д-р Јорго Костов, кој одговараше и на прашањата на присутните новинари. Во дискусијата се вклучија и учесниците  кои ги  споделија своите видувања  за ефективните образовни програми и иновативните здравствени иницијативи насочени кон намалување на стапката на срцеви заболувања.

Целта на настанот беше да се потенцира важноста на раната детекција на кардиоваскуларните заболувања, но истовремено и да се подигне јавната свест за важноста на имплементацијата на здравите животни навики со цел превенирање на појава на кардиоваскуларните заболувања кои остануваат водечка причина за морбидитет и морталитет во светот.

29ти септември е светскиот ден на срцето

29ти септември е светскиот ден на срцето. Оваа година мотото на глобалната кампања се фокусира на поголемата поврзаност на пациентите со своето срце и со срцата на сите нас. Мотото на овогодинешниот ден на срцето е ПОВРЗИ СЕ.

Пораката за Светската Срцева Федерација за поврзаност е уште побитна оваа година. Во COVID-19 пандемија каде сме изолирани, со потешка достапност кон медицинските услуги, психолошки оптоварени, поврзаноста е најважна. Ова е прилика сите да се поврземе со своите срца, да се погрижиме да ги храниме и негуваме најдобро што можеме.  Кардиоваскуларната превенција e уште поважна од било кога. 80% од кардиоваскуларните болести може да се превенираат само со промени на животниот стил, здрава исхрана, прекин на пушење, редовна физичка активност. Контролирајте ги добро сите ризик фактори – дијабетот, хипертензијата, дислипидемијата, гојазноста.

Да ги повземе сите срца и да поттикнеме зголемена информираности и намалена изолираност на пациентите во тек на оваа пандемија. Дигиталното поврзување ќе ја олесни поврзаности, информираноста и намали осаменоста на болните од кардиоваскуларни заболувања.

Кардиоваскуларните заболувања и овие ризик фактори ја зголемуваат смртноста од COVID-19.

Пациените се замолуваат да направат прави промени уште денес, за нив, за нивните најблиски, за сите нас. Да ги поврзат своите срца.

29ти Септември Светски ден на срцето

Почитувани колеги,

На 29ти септември го одбележуваме Светскиот ден на срцето. Оваа година во многу поинаква реалност во COVID-19  пандемија, грижата на кардиоваскуларното здравје  има уште поголемо значење.

Овогодишната кампања на Светската федерација за срце го замолува светот:

Кардиоваскуларните заболувања се водечка причина за смртност на нашата планета. Пушењето, дијабетот, хипертензијата, обезноста, загадувањето на воздухот се водечките причини за зголемен кардиоваскуларен морталитет.

Во време на COVID-19  пандемија, пациентите со кардиоваскуларни заболувања се соочуваат со двојна закана. Тие се изложени не само на поголем ризик за појава на сериозни форми на заболувањето и компликации, но воедно и се исплашени да побараат навремена здравствена помош за нивните срца.

Вашето срце треба да ја користи….

Вашата глава

За да разберете што е потребно за да живеете здрав живот и соодветно да дејствувате во тој правец, да ги менувате вашите навики за подобар квалитет на вашиот живот сега и во иднина

Вашето влијание

Како индивидуа која ќе биде пример за вашите најблиски и најсакани

Како здравствен професионалец за да им помогнете на вашите пациенти да направат позитивни промени за нивното здравје

Како работодавец да инвестирате во здравјето на срцето за вашите вработени

Како влада да имплементирате политики и иницијативи кои ќе доведат до подобро кардиоваскулатно здравје за целото општество

Вашата емпатија и сочуство

Да гледате над себе и дејствувате во наоски кои даваат подршка на најосетливите социјални слоеви: оние со срцеви болести кои имаат зголемен ризик за време на COVID-19 пандемијата

Посетете ја интернет страната worldheartday.org да дознаете повеќе.

Светски ден на срцето

Мото на овогодишниот светски ден на срцето

“МОЕТО СРЦЕ, ТВОЕТО СРЦЕ”

Повик за акција

Кампањата на Светската федерација за срце, по повод Светскиот ден на срцето 29-ти септември оваа година, ќе се фокусира кон заедничка цел – да се инспирира популацијата секој да си даде ветување на себе да го задржи своeто срце здраво: ветување кон кое луѓето можат да се придржуваат, ветувањe кон кое ќе пристапат индивидуално, ветување кое е насочено кон заедничка цел – здравјето на срцето е за секого, бидејќи ” секое отчукување на срцето е важно “.

Според кампањата секој треба да си го постави прашањето: Што можам да направам во овој момент за МОЕТО СРЦЕ … и ТВОЕТО СРЦЕ?

– прекини со пушењето!
– користи скали!
– вежбај!
– оди со велосипед на работа!

 

Комплетниот повик можете да го преземете ТУКА.