Курс за Ултразвук на белодробие

Почитувани колеги,

На линкот можете да го проследите курсот за Ултразвук на белодробие, кој како едноставен метод може да ви разграничи:

  • Плеврална патологија
  • Перикардна патологија
  • Диспнеа
  • Цијаноза
  • Кашлица
  • Шокова состојба

Проследете го курсот на следниот линк: https://www.openlus.com/en/

Со почит, Проф.Е.Србиновска Костовска

КАРДИОВАСКУЛАРНИ АСПЕКТИ НА COVID-19

Кардиоваскуларни аспекти за пациентите, здравствените работници и здравствениот систем во тек на COVID-19 пандемија

Овој документ претставува превод на најновите (датум на “pre-print” 20 март 2020 година) збирни информации кои се однесуваат на COVID-19 инфекцијата и кардиоваскуларните аспекти, за пациентите, здравствените работници и здравствените системи. Поради актуелноста на проблемот, оваа “pre-print” верзија е достапна како целосен документ кој се објавува во Journal of the American College of Cardiology, March 2020; DOI: 10.1016/j.jacc.2020.03.031

Превземете го документот со кликање тука…

Најнови ставови на ESC советот за хипертензија во однос на АКЕ инхибитори и Ангиотензин рецептор блокатори

13 март 2020

           Базирано на првичните извештаи од Кина и последователните докази дека артериската хипертензија може да биде асоцирана со зголемен ризик за морталитет кај хоспитализираните пациенти со COVID-19 инфекција, поставени се хипотези кои сугериррат потенцијално негативно влијание на ангиотензин конвертирачкиот ензим инхибиторите (АКЕ инхибитори) или ангиотензин рецептор блокатори (АРБ). Сугерирано е особено во социјалните медиуми, дека овие често користени лекови можат да го зголемат ризикот од инфекција и тежината на SARS-CoV2.  Загрижувањата произлегоа од обсервацијата дека, слично на корона вирусот кој предизвика SARS, COVID-19  вирусот се врзува за специфичен ензим наречен АСЕ2 на инфицираните клетки, со што се зголемуваат нивоата на АСЕ2 по третманот со АКЕ инхибитори и АБР.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ

Ризик од коморни аритмии при третман со Hydroxychloroquine-Azithromycin за третман на COVID-19 болест

Ризик од коморни аритмии и справување со ризикот, при третман со Hydroxychloroquine-Azithromycin за третман на COVID-19 болест

American College of Cardiology (ACC), на 30 март 2020 објави документ под наслов “Ventricular Arrhythmia Risk Due to Hydroxychloroquine-Azithromycin Treatment For COVID-19”, кој претставува збирен извештај за безбедносните карактеристики на клиничката примена на “hydroxychloroquine-azithromycin” комбинацијата за третман на тешките случаи на пациенти со COVID-19 инфекција. Трудот како pdf документ е достапен, ние ги пренесуваме клучните информации поради фактот што оваа комбинација на третман е прифатена во нашата земја и сметаме дека на ваков начин може да помогнеме во ширење на релевантни информации.

Превземете го документот со кликање тука…

АКУТНИТЕ КАРДИОВАСКУЛАРНИ СОСТОЈБИ за време на COVID-19

Препораки за третман на АКУТНИТЕ КАРДИОВАСКУЛАРНИ СОСТОЈБИ за време на COVID-19
CSC Expert Consensus on Principles of Clinical Management of Patients with Severe Emergent Cardiovascular Diseases during the COVID-19 Epidemic

Превземете го документот со кликање тука…

Препораки на Европското Здружение за Кардиоваскуларни Сликовни методи (European Association of Cardiovascular Imaging, EACVI)

COVID- 19
Сликовни техники за време на пандемија: Препораки од EACVI насочени кон претпазливост, индикации, приоритетност и заштита на пациентите и здравствениот персонал.

Превземете го документот со кликање тука…