Новости
  Сретски ден на срцето 2017
  Sixth Bulgarian Bifurcation and Complex Coronary Interventions Course
  Heart Failure Awarenes day, Македонија, 2015
  23rd annual meeting of the Alpe Adria Association of Cardiology
  Светски ден на срцето 2013
  Светски ден на срцето 2012
  EAT Course of Advance Echocardiography, 2012
  ФОРМИРАЊЕ НА РАБОТНИ ГРУПИ НА МЗК
 Историја на светскиот ден на срцето во Македонија
 Одбележување на светскиот ден на срцето
 Симпозиум за базична ехокардиографија

 

 


Heart Failure Awarenes day, Македонија, 2015

Европското здружение по кардиологија и Европското здружение за срцева слабост го воведоа “EUROPEAN HEART FAILURE AWARENES DAY”, со цел да се зголеми свесноста на целокупната јавност, медицинска и немедицинска за овој во иднина растечки проблем. Македонското здружение по кардиологија се приклучува во одбележување на овој настан, кој оваа година се одбележува од 8-10 Мај.

Оваа година во фокусот ги имаме матичните лекри, кои се првата карика во ланецот на здравствените професионалци, најповикани за превенција и рано препознавање на симптомите и знаците на срцева слабост.

Централна активност СИМПОЗИУМ ПОСВЕТЕН НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА СРЦЕВАТА СЛАБОСТ “EUROPEAN HEART FAILURE AWARENES DAY”, May 8-10, 2015

Организатори: Македонско здружение по кардиологија Универзитетска клиника за кардиологија
Поддржувач на настанот: АЛКАЛОИД, Скопје

ПРОГРАМА:
1. Срцева слабост Предавач: Проф. Др Елизабета Србиновска, Костовска
2. Превенција на срцева слабост Предавач: Доцент Др Марија Вавлукис
3. Медикаментозен третман на срцева слабост Предавач: Асистент Др Лидија Поповска
4. Срцева слабост и коморбидитети Предавач: Проф. Др Славчо Тошев
5. Дискусија Состанокот ќе се одржи на 07.05.2015г., (четврток), со почеток во 20.00ч, во хотелот Stone Bridge – Скопје.

Дополнителни активности кои се планирани се:
1. Учество на матичните лекари во спроведување на анкета за знаењето кое граѓаните го имаат за овој голем здравствен проблем, оваа година за уште една асоцирана состјба а тоа е цереброваскуларниот инсулт. Оваа анкета оваа година ја остваруваме по втор пат, со помош на матичните лекраи. Анкетата е интернационална иницијатива во која е вклучено и нашето Здружение по кардиологија, а е во организација на Universitätsklinik Würzburg Deutsches Zentrum für Herzinsuffizienz ● Würzburg, Comprehensive Heart Failure Center (CHFC) , достапно преку веб порталот: www.dzhi.de Приклучете се

 
1. Срцева слабост .pdf 4025 Kb
2. Превенција на срцева слабост .pdf 5891 Kb
3. Медикаментозен третман на срцева слабост .pdf 5585 Kb
4. Срцева слабост и коморбидитети .pdf 503 Kb

 

МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ПО КАРДИОЛОГИЈА
contact@mscardiology.org.mk
ул. Водњанска бр. 17, 1000 Скопје, Р.Македонија
++389 2 3147189; ++389 2 3113116
admin mail