Почитувани колеги,
Имаме голема чест и задоволство да ви посакамe добредојде на Вториот меѓународен симпозиум за тромбоза.
Со гордост го најавуваме овој симпозиум по втор пат, а истиот ќе се одржи од 9 до 10 април 2021 година. Овој онлајн симпозиум ќе ги опфати темите: Тромбозата како пост КОВИД-19 компликација, Примена на Европските упатства за пулмонален тромбоемболизам и Искуство од реалниот живот со дијагностички и терапевтски модалитети на венска тромбемболија.
Симпозиумот е наменет за кардиолози, специјалисти по васкуларна медицина, интернa медицина, хематологија и трансфузиона медицина, како и субспецијалисти и специјализанти.
Во името на Организациониот комитет ве поканувам да учествувате на Меѓународниот Симпозиум за тромбоза.
Проф. д-р Маријан Бошевски, PhD, FICA
Работна група за Периферна артериска болест и тромбоза
Генерален секретар на Македонското здружение по кардиологија
Email: marijanbosevski@yahoo.com